Јувентус се вклучува во трката за Кавани
Според „Тутоспорт“, Јувентус е во потрага по засилување за нападот на тимот во зимскиот период, и се заинтересирани за ангажман на искусниот Едисон Кавани.
Уругваецот има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2022, но тој од 1 јануари има право да преговара со било која екипа која би пројавила интерес за него. Тој оваа сезона во дресот на Манчестер има настапено само на 8 натпревари во сите такмичења, а постигна смо еден гол.
Самиот Кавани е подготвен да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се врати во Италија каде претходно настапуваше за Палермо и Наполи.
Јувентус од стартот на сезоната има голем проблем со реализација во нападот постигнувајќи само 22 гола на 16 натпревари во Серија А.
Сериозен интерес за 34-годишниот покажува и екипата на Барселона.