Пике: Очајно ни треба победа, се наоѓаме во критична ситуација

Искусниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, изрази незадоволство после нерешениот резултат од 2:2 на гостински терен со Осасуна.

Барса на два пати имаше водство на натпреварот, меѓутоа домаќинот Осасуна во самиот финиш успеа да постигне гол за израмнување и каталонците мораше да се задоволат само со еден бод.

По завршувањето на средбата свое видување за истата даде Пике.

„Потребна ни е итна победа бидејќи свесни сме дека тимот се наоѓа во критична ситуација. Одигравме добар натпревар, но конечниот резултат не ни оди во прилог. Мислам дека нашите млади играчи ќе се докажат и ќе започнат да носат успеси на клубот. Сега треба само да почнеме да победуваме. Постои голема желба и секој поединец се труди да го даде својот максимум на теренот. Убеден сум дека резултатите ќе дојдат наскоро“, изјави дефанзивецот на Барса.

 Поради акумулирани жолти картони,  Жерард Пике ќе го пропушти натпреварот против Елче на „Ноу Камп“. 

Екипата на Барселона се наоѓа  на 8-то место во Ла Лига со освоени 24 бодови.