Ковид-криза и во Астон Вила, Џерард не може да скрпи тим

Стивен Џерард, ја потврди информацијата за заразените со коронавирус во Астон Вила. Вчера медиумите во Англија објавија дека еден фудбалер и неколку вработени имале позитивни тестови на ковид-19.

„Сите бевме повторно тестирани утрово и има неколку позитивни тестови меѓу играчите и вработените. Тие се во карантин и им посакуваме се најдобро“, рече Џерард, без да открие имиња. Сепак, резултатите од сите тестови сè уште се нејпознати.

Денес Астон Вила гостува кај Норич и засега нема индиции дека овој натпревар може да биде одложен. Инфекции со Ковид-19 беа откриени и во Манчестер Јунајтед во неделата, а денес клубот ја затвори својата база на 24 часа.