Гризман поради повреда нема да настапува до крајот на годината

Антоан Гризман ќе ги пропушти двата последни натпревари на Атлетико Мадрид во 2021 година. Тој заработи повреда после стартот на Дани Карвахал на дерби натпреварот со Реал Мадрид, кој заврши со 2:0 за „кралевите“.
Од Клубот информираат дека Гризман ја повредил десната надколеница и со сигурност ги пропушта натпреварите против Севиља и Гранада.
Ако неговото опоравување се одвива во добра насока тогаш Французинот ќе се врати на теренот за дуелот со Рајо Валекано закажан за 2 јануари 2022.