Занети: Интер е спремен да се надигрува со Ливерпул
Хавиер Занети ја коментираше ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, која им го донесе Ливерпул за противник. Поради киксот на УЕФА, ждрепката мораше да биде извлечена двапати, а првично Интер требаше да се соочи со Ајакс.
„Нема смисла да се коментира што се случи, бидејќи сите видоа што се случи. Ја прифаќаме ждрепката и подготвени сме да се соочиме со Ливерпул. Тие се врвен тим, но и ние сме. Интер има одлична историја. Имаме многу време да се подготвиме и ќе бидеме подготвени за тие пресметки. Големо задоволство е да се игра во елиминациската фаза за прв пат по 10 години. Интер отсуствуваше предолго и одлично е што сме повторно тука. Ливерпул е многу добар тим, но ние сме Интер и можеме да покажеме за што сме способни“, додаде Занети.