ФА не го одложи дуелот Лестер – Тотенхем, клубовите најавуваат настап со младинци
Премиер лигата го одби барањето на Лестер и Тотенхем нивниот меч да биде одложен. Последните два дуела на Спарс беа одложени поради заболени од Корона а тренерот, Антонио Конте, потенцираше дека ситуацијата е алармантна.
Според англиските медиуми, во Тотенхем има девет заразени играчи. Во Лестер ситуацијата е слична бидејќи девет играчи на „лисиците“ поради Ковид или повреди не му се достапни на Брендон Роџерс. Менаџерот на Лестер изјави дека е во прашање интегритетот на првенството.
„За жал, не ни беше понудено никакво решение, што на крајот беше разочарувачко. Имаме повреди, го имаме ковид и не можеме да правиме ротации во тимот. Имаме пет натпревари во 13 дена“, вели Роџерс.