Ерлинг Халанд руши рекорди во Борусија Дортмунд

Центарфорот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, продолжува со рушење рекорди за својот клуб.

Младиот Норвежанец беше стрелец на два гола на натпреварот против Гројтер Фурт во Бундеслигата, со што го подобри рекордот за најмногу постигнати голови во една календарска година на играч од Борусија Дортмунд. 

Халанд засега има постигнато вкупно 30 гола за својот клуб, еден повеќе од Пјер-Емерик Обамејанг во 2015 година.

Екипата на Борусија Дортмунд останува на минус шест бода во однос на Баерн Минхен на првенствената табела во Бундеслигата.