Артур Кабрал пред потпис со Зенит
Напаѓачот на фудбалскиот состав Базел, Артур Кабрал, може да добие понуда да се пресели во редовите на рускиот шампион Зенит.
Клубот од Санкт Петербург планира да понуди 11 милиони евра иако Швајцарците најавија дека очекуваат да добијат околу 15 милиони. Во претходната сезона Кабрал постигна 18 гола во домашниот шампионат а од почетокот на тековната кампања реализираше 14 пати. Бразилецот со 13 гола е водечки стрелец во Лигата на конференциите.
Кабрал кратко го носеше дресот на Палмеирас пред да потпише со Базел во 2109 година. Тој е поранешен младински репрезентативец на Бразил a неодамна го доби и првиот повик во сениорскиот состав на „картиоките“. Договорот на Кабрал со Базел е до 30 јуни во 2023 година.