Барселона размислува за доведување на Бернардески од Јувентус
Раководството на Барселона ги разгледува можните опции за доведување во своите редови на Федерико Бернардески од Јувентус ова лето.
Договорот на 27 годишниот италијанскиот репрезентативец со „старата дама“ истекува на крајот од оваа сезона. Веќе е остварена средба помеѓу спортскиот директор на Барселона, Матео Алемани и менаџерот на играчот, Федерико Пасторело.
Барселона во врска со нови засилувања на тимот наредниот период ќе се фокусира на играчи на кои им истекува договорот на крајот од сезоната и кои би пристигнале на „Ноу Камп“ како слободни играчи без обештетување.
Најавено е дека преговорите за овој трансфер ќе продолжат наредниве недели.