Баерн купува две ѕвезди од Серија А?

Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездите на Интер и Јувентус, Федерико Киеза и Лаутаро Мартинез и сака да ги донесе на „Алијанц Арена“.

Баерн на лето најверојатно ќе го продаде Коман и Левандовски, кои сакаат да ја променат средината, па сака да ги замени со двајца врвни фудбалери.

Баварците ќе имаат буџет од 200 милиони евра и сакаат да ги донесат двете ѕвезди од Серија А.

Јувентус би можел да го „жртвува“ Киеза за да го донесе Влаховиќ, додека Интер има големи финансиски проблеми и нема да може да одбие богата понуда за Аргентинецот.