Италија и Аргентина ќе играат на „Вембли“ на 1 јули
Eвропскиот шампион Италија ќе игра против Аргентина која победи во последното издание на Копа Америка.
Договор за одигрување на овој натпревар имаше од претходно, а сега е познат и датумот на кој тој ќе се реализира. Италија и Аргентина ќе се сретнат на 1 јули во Лондон.
Во овој момент нема официјална потврда, но очекувањата се натпреварот да биде одигран на „Вембли“. Според договорот на двете федерации ова ќе донесе уште две соочувања до 2028 година.
За Италијанците ова ќе биде враќање на местото каде што во драматичен натпревар ја победија Англија.