Олимпијакос го доведе Манолас од Наполи
Играчот од одбраната на Наполи, Костас Манолас, се врати во својот поранешен клуб Олимпијакос, за кој настапуваше од 2012 до 2014 година.
Клубот од Атина за Манолас ќе плати 3 милиони евра и тој ќе има право за настап веќе од јануари. 30-годишниот играч оваа сезона во дресот на Напли одигра само 4 натпревари во Серија А и забележа 3 настапи во Лига Европа.
Манолас во Наполи пристигна од екипата на Рома во 2019 година за 36 милиони евра.