Рајола го понудил Јанузај на Барселона
Весникот „Мундо Депортиво“ најави дека фудбалскиот состав Барселона во јануарскиот преоден рок може да се засили со крилото на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај, кој во континуитет покажува добри партии во Примера Дивизион.
Тренерот на Шпанците, Чави Хернандез, бил запознаен со опцијата за привлекување на белгискиот репрезентативец и затоа ќе мора брзо да одлучи дали ќе ја искористи.
Во исто време, медиумите наведуваат дека Каталонците се фокусирани на Феран Торес од екипата на Манчестер Сити.