Интер го прекина договорот со Ериксен
Екипата на Интер преку официјално соопштение објавено на клупската веб-страница информира дека спогодбено го раскина договорот со Кристијан Ериксен, кој важеше до летото 2024 година.
Причина за тоа е забраната на фудбалерот да игра во Италија со дефибрилатор, кој му беше поставен поради проблеми со срцето, што го доби за време на Европското првенство во 2020 година.
Ериксен го засили Интер во јануари 2020 година, кога беше купен од Тотенхем за 20 милиони евра.
29-годишниот Данец за шампионот на Серија А одигра 60 натпревари и постигна 6 гола.