Јужноамериканските селекции ќе се вклучат во Лигата на нации
Се најавуваше дека јужномаериканските репрезентации можат да добијат право да се натпреваруваат во Лигата нa Нации, а сега тоа е и потврдено.
Потпретседателот на УЕФА, Збигњев Боњек за полски „Мечики“ потврди дека постигнат е договор јужноамериканските селекции да бидат дел од Лигата на Нации, а сега останува само да се утврди во кој формат.
„Ова издание на Лигата на Нации е последно во ваков формат. Одржавме состанок со јужноамериканските селекции и од 2024 година тие ќе ни се придружат. Се уште работиме на форматот во кој ќе ни се придружат и календарот. Сепак, календарот е ограничен и не можеме многу да промениме“, изјави Боњек.
Во Лига А сигурно место би имале Аргентина и Бразил, како и Колумбија, Чиле, Перу и Уругвај. Останатите четири репрезентации – Боливија, Еквадор, Парагвај и Венецуела би играле во Лига Б.