Роман Абрамович доби португалски пасош

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, доби португалско државјанство.

Тој сега освен рускиот и израелскиот, има и пасош на Португалија. Оваа вест ја потврдува неговиот портпарол кој ја извести јавноста дека Абрамович има португалско државјанство од 30.април оваа година.

Рускиот милијардер го искористи законот кој португалската држава го донесе во 2015 година а според кој му се нуди натурализација на секој евреин кој има наследници кои во средновековната инквизација биле протерани од Португалија.

Богатството на Абрамович се проценува на 14,3 милијарди долари а сопственик на Челзи е од 2003 година.