Матијас де Лихт заминува од Јувентус
Матијас де Лихт би можел да го напушти Јувентус следното лето.
Менаџерот на играчот, Мино Рајола, во изјава за медиумите во Италија кажа дека холандскиот дефанзивец е „подготвен за нов чекор“ во кариерата, после трите години поминати во редовите на „старата дама“.
Како најзинтересиран клуб за услугите на 21-годишниот фудбалер, се споменува лондонски Челзи, кој на крајот од сезонава може да остане без услугите на Рудигер и Кристенсен кои најавуваат дека немаат намера да ги продолжат договорите и да останат во Челзи.