Вардар доби големо засилување, се врати Филип Гачевски

Филип Гачевски се врати во редовите на Вардар.

Вчера Гачевски потпиша тригодишен договор и изрази големо задоволство за враќањето во Вардар.

“Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити“, изјави Гачевски.