Барселона обезбеди пари за реконструкција на легендарниот „Камп Ноу“

Членовите на Барселона со гласање на референдум го усвоија предложениот финансиски план за иднината на клубот, кој вклучува инвестирање на 1,5 милијарди евра за реновирање на стадионот „Камп Ноу“, спортската сала „Палау Блауграна“ и целата област околу новиот спортски комплекс.

Планот доби одобрување од 48.623 членови на Барселона што претставува 87,8 проценти од пријавените гласови. 

Приоритет за Барселона е реновирањето на стадионот, кое треба да заврши до крајот на 2025 година. Работата ќе започне во 2022 година, а по завршувањето на градежните работи, капацитетот на стадионот ќе изнесува 105.000 гледачи, со што каталонците ќе го имаат најголемиот стадион во Европа.