Сити му нуди функција на Агуеро во клубот
Серхио Агуеро поради здравствените проблеми беше приморан да ја заврши играчката кариера.
Аргентинецот изминатото лето потпиша за Барселона и одигра само неколку натпревари за каталонскиот клуб. На натпреварот против Алавес кој се играше на 30 октомври Агуеро имаше проблеми со дишењето и беше пренесен во болница. После деталните прегледи докторите открија дека Агуеро има срцеви проблеми и најдобро за неговото здравје е да ја заврши со професионалното играње фудбал. Таа одлука Агуеро ја соопшти минатата недела на прес-конференција.
Сега се појави информација дека Агуеро добил понуда од Манчестер Сити. Клубот во кој Агуеро ги помина најдобрите денови од кариерата му понудил да биде клупски амбасадор. Шпекулациите во овој момент се дека Агуеро ќе ја прифати оваа понуда.
Агуеро во Манчестер Сити помина десет сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.