Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе Толисо од Баерн Минхен

Екипата на Реал Мадрид прави напори следното лето да го донесе во своите редови играчот на Баерн Минхен Корентин Толисо. 

Толисо има договор со клубот од Баварија до крајот на сезоната и според најавите тој нема желба да го продлжи истиот.

Таквата ситуација сака да ја искористи „кралскиот клуб“ и да го повтори сценариото со Давид Алаба кој исто така пристигна од Баерн  како слободен играч без обештетување.

27-годишниот Французин е член на Баерн Минхен од 2017 година каде пристигна од екипата на лион за 41,4 милиони евра.

Покрај Реал, за услугите на Толисо се заинтересирани и ПСЖ, Јувентус и Тотенхем.