Ова се вика добитен тикет, погоди 19 парови и заработи бонус повисок од добивката

Играч од Богданци состави мајсторско ливче на кое успеа да погоди 19 парови со вкупен коефициент од 4523,92 и со уплата од 30 денари стана добитник на вкупно 238.794 денари.

Тој при уплата на тикетот ја искористи и Евротип картичката која со евробонусот што следува со неа си ја зголеми добивката за неверојатни 107 % или точно 145.215 денари. На тој начин исплатениот бонус реално стана поголем од самата основна добивка. Уште едно големо браво за добитникот и неговата умешност во уплатата.