Фелаини пред враќање во Премиер лигата

Маруан Фелаини е многу блиску до враќање во Премиер лигата, бидејќи интерес за него покажува Њукасл. 34-годишниот Фелаини моментално настапува во кинеското првенство во дресот на Шандонг Луненг, но е спремен да се врати во Европа.

Њукасл, кој е во потрага по засилувања во борбата за опстанок, сака да го врати Фелаини во Премиер лигата.

Фелаини има договор со кинескиот клуб до 2025 година, но Њукасл нема да жали пари и ќе му ги понуди истите финансиски услови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Фелаини веќе ја прифатил понудата на Њукасл, па останува уште двата клуба да се договорат.