Клаудио Раниери пред отказ во Ватфорд
Англиските медиуми пренесуваат дека Клаудио Раниери е пред добивање отказ на позицијата тренер на Ватфорд и дека сопствениците на клубот веќе бараат нов вршител на должноста.
Поразот на домашен терен од директниот конкурент за опстанок, тимот на Норвич, може да биде одлучувачки за отказот на италијанскиот тренер.
Раниери на клупата на Ватфорд пристигна во октомври минатата година, и досега има забележано само две победи на 14 натпревари.