Бензема ограбен додека играл против Елче

Домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , бил ограбен за време на мечот со Елче во шпанското првенство, објави „Марка“.

Според изворот, крадците влегле во куќата преку градината, сместена во луксузен станбен комплекс во Сан Себастијан де лос Рејес, во време кога куќата била празна. Самиот натпревар заврши со резултат 2-2. На оваа средба Бензема не успеа да реализира пенал. И тој се повреди и го напушти теренот во 58. минута.

Реал Мадрид има 50 бода од 22 натпревари и е на првото место на табелата во шпанската Примера. За разлика од Реал Мадрид, Елче (23) е на 15. место на табелата.