Реконструкција во Рома, клубот ќе го продаде и Заниоло
Жозе Мурињо оваа сезона со Рома не ги остварува очекуваните резултати, а последниот пораз од Интер посебно го налути „Специјалниот“.
Мурињо е спремен на лето да направи целосна реконструкција на тимот, па на неколку фудбалери ќе му ја покаже излезната врата.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека пет фудбалери би можеле да го напуштат „Олимпико“ на крајот на сезоната за да може да продолжи проектот на Мурињо.
Едно од најголемите изненадувања најверојатно ќе биде заминувањето на Николо Заниоло, талентираниот 22-годишен фудбалер, кој не сака да го продолжи договорот.
Раководството му дозволило буџет од 100 милиони евра и одврзани раце на Мурињо да состави тим по своја мерка.