Конте: Пласман во Топ 4 е скоро невозможен

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте призна дека на неговиот тим ќе му биде многу тешко да се избори за место во Лигата на шампионите.

„Спурсите“ повторно разочараа доживувајќи нов пораз, овојпат на домашен терен од екипата на  Вулверхемптон со 0:2.

Со ова лондонскиот тим сериозно заостана во борбата за пласман во Топ 4. Тотенхем е на осмото место со 36 бодови, а на четвртата позиција е Вест Хем кој има 41 бод.

„Невозможно е да се пласирате во Лигата на шампионите кога губите толку натпревари дома.Знаеме дека треба да се бориме за да направиме нешто многу важно во конкретната ситуација, но исто така е многу важно да се знае точно каква е ситуацијата. Можеби нашите навивачи не треба да бидат разочарани од поразот. Наместо тоа, тие треба да се обидат да останат зад нас. Навивачите мора да ја создаваат вистинската атмосфера на стадионот и да не размислуваат за целта која во моментов е недостижна. Ова го кажувам од почетокот, кога пристигнав тука“, изјави Конте.