Дејан Манасаков заминува од Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, после завршувањето на сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Веспрем.

Од таборот на унгарскиот тим ја објавија информацијата дека нема да го продолжат договорот со Манасков. Тој во Веспрем пристигна во 2017 година од тимот на Рајн Некар. Поради тешката повреда на лигаментите од коленото, Манасков веќе подолг период е надвор од теренот и не настапи за македонската селекција на Европското првенство.