РБ Лајпциг ја одреди цената за Нкунку

Според пишувањата во германскиот весник „Билд“, РБ Лајпциг ја одреди цената која заинтересираните клубови ќе треба да ја платат за доведување на Кристофер Нкунку.

Како најзаинтересирани клубови за ангажирање на 24-годишниот играч од средината на теренот, се споменуваат Арсенал и Манчестер Јунајтед, кои доколу се одлучат за негов трансфер тогаш ќе треба да издвојат 75 милиони евра.

Договорот на Нкуку со РБ Лајпциг е до 30 јуни 2024 година. Тој сезонава има одиграно 33 натпревари за екипата,и запиша 22 гола и 13 асистенции.