Хрватот Гвардиол на мета на Тотенхем, Конте нуди 50 милиони евра!

Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Лондонскиот Тотенхем е заинтересиран за услугите на 20-годишниот играч, пишува „Дејли Меил“.

Според изворот, Тотенхем очекува да потпишат со хрватскиот фудбалер на лето. Гвардиол игра за РБ Лајпциг од 2021 година, каде се пресели од Динамо Загреб за 18,8 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е со важност до 30 јуни 2026 година.

Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 25 милиони евра. Гвардиол оваа сезона одигра 22 натпревари во германската Бундес лига, постигна два гола и имаше две асистенции. Исто така играчот има одиграно шест натпревари во актуелната сезона во Лигата на шампионите.