Продолжуваат проблемите со повреди за Халанд
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе мора да отсуствува од терените уште еден месец, откако се здоби со компликација од повредата на мускулот што го мачи од јануари, пренесува германскиот весник „Билд“.
21-годишниот Норвежанец се повреди за време на натпреварот со Хофенхајм во 20. коло од Бундес лигата. Од Дортмунд се надеваа дека тој ќе се опорави за реваншот со Глазгов Ренџерс во Лигата на Европа, но тоа не се случи. Подоцна се покажа дека проблемот со повредата се искомплицира и сега играчот ќе мора да мирува уште четири недели.
Се очекува ова да биде негова последна сезона во дресот на Борусија Дортмунд, а европските фудбалски гиганти веќе започнаа битка за неговиот потпис ова лето.