Барселона го посакува Рафиња од Лидс

Барселона е во потрага по нови офанзивци за тимот кои би пристигнале на „Камп Ноу“ во летниот период.

Според пишувањата во некои медиуми, во фокусот на управата на клубот и на тренерот Чави е фудбалерот на Лидс Јунајтед, Рафиња.

Бразилецот прикажува фантастични игри во Лидс, и практично сам ја држи екипата над зоната за испаѓање од Премиер лигата. Крилниот напаѓач оваа сезона има постигнато девет гола и две асистенции .

Како предност на Барселона во обидот за ангажирање на 25-годишниот Рафиња е фактот што негов менаџер е бившата ѕвезда на Каталонците, Деко.

Висината на евентуалниот трансфер би се движел од 20 до 50 милиони евра, во зависност од тоа дали Лидс ќе обезбеди опстанок во Премиер лигата или не.