Лукаку спремен да се врати во Интер по кризата во Челзи

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, изразил голема желба да се врати во Интер, информира во денешното издание „Газета дело спорт“. Белгиецот му кажал на својот агент дека е подготвен значително да ја намали платата за да се врати во тимот на „нероаѕурите“.

Весникот додава дека ситуацијата со имотот во Челзи отвора сериозна можност за трансфер на Белгиецот кој пред само неколку месеци за над 100 милиони евра замина за Лондон. Сепак, за да има какви било шанси Лукаку да се врати во Милан, прво мора да биде продаден лондонскиот клуб.