Тухел: Со сигурност останувам во Челзи до крајот на сезоната
Тренерот на Челзи Томас Тухел, ги уверува навивачите дека со сигурност останува да ја води екипата до крајот на сезоната, иако клубот се соочува со големи проблеми.
Имено, Челзи трпи големи загуби после санкциите уведени од британската влада а се однесуваат на руската инвазија врз Украина. Во меѓувреме, Абрамович се повлече од раководење со клубот, и се бара нов купувач, додека сите банкарски сметки се замрзнати.
Иако, во прашање се доведува и понатамошното функционирање на клубот, тренерот Тухел засега нема намера да ја напушти клупата.
„Без сомневање останувам во Челзи до крајот на сезоната. Одиме ден по ден поради тоа што ситуацијата може да се промени во секој момент. Клубот е на продажба и се надевам дека се ќе помине добро. Не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи немам никакво влијание на повеќето работи“, изјави Тухел после победата над Њукасл во Премиер лигата.