Мутињо: Не смееме да ја потцениме Македонија
Играчот за врска во португалската репрезентација, Жоао Мутињо, предупредува дека неговата селекција не смее да ја потцени селекцијата на Македонија во финалниот бараж за пласман на СП во Катар.
“Не можеме да бидеме премногу сигурни. Имаме играчи кои посакуваат и треба да присуствуваат на Светското првенство. Но тоа не е доволно. Мораме да покажеме на теренот дека сме подобри. Можеби ќе немаме многу можности за постигнување гол бидејќи Македонија одлично се брани. Тоа го видовме против Италија“, изјави Мутињо, кој има 143 настапи за националниот тим.
Натпреварот меѓу двете репрезентации се игра на 29.март на стадионот Драгао во Порто.