Нагелсман загрижен за лошата форма на Сане

Лерој Сане, се уште нема постигнато гол на последните 7 натпревари. Покрај тоа, тој не успеа да направи ниту една асистенција, а тренерот Јулијан Нагелсман, вели дека не знае зошто Сане игра лошо.

„Навистина ми се допаѓа Сане и како играч и како личност. Сите знаат дека тој има неверојатни квалитети. Лерој е доста самокритичен, и самиот знае дека во последно време не игра добро. Не знам зошто. Тој имаше подеми и падови во текот на неговата кариера. Целосно го поддржувам. Очигледно беше вознемирен откако беше заменет против Аугзбург. Не сум лут поради тоа. Нема потреба од ова да се прават големи скандали“, изјави тренерот на Баерн.