Меси останува во Париз и наредната сезона
Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Лионел Меси веќе донел одлука за својата иднина. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Аргентинецот планира да го исполни договорот и ќе остане во тимот на ПСЖ и следната сезона. Меси е подготвен наредната година да му помогне на екипата да го подигне пехарот во Лигата на шампионите.
Парижаните се на добар пат да ја освојат титулата во француското првенство оваа сезона. Меѓутоа ПСЖ повторно потфрли во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето беше елиминиран од Реал Мадрид.