Атлетико не сака нагодби со Јуве за Мората

Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена.

Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле и негативен одговор.

Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони евра за ангажманот во изминатите две сезони.