Озил: Останувам во Фенербахче до крајот на кариерата
Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, се огласи во јавноста по повод се почестите информации во турските медиуми дека тој ќе ја напушти екипата на Фенербахче. Озил тврди дека нема намера да го напушти клубот од Истанбул.
Последниов период, поранешниот германски репрезентативец се поврзуваше со заминување во американската МЛС лига, и трансфер во Интер од Мајами.
„Сакам да нагласам дека не сакам да ја завршам кариерата ниту во еден друг клуб освен во Фенербахче. До крајот на договорот ќе го носам дресот на Фенер, и мојата одлука е јасна и конечна“, изјави Озил.
Фудбалерот е член на Фенербахче од 2021 година, а претходно има настапувано за Шалке 04, Вердер Бремен, Реал Мадрид и Арсенал.