Два европски гиганти го сакаат „бисерот“ на Ајакс

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесува „Билд“.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот. Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Баерн и Манчестер Јунајтед, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.