Гатузо најсериозен кандидат за клупата на Валенсија
Џенаро Гатузо е многу блиску до тренерското место во Валенсија, објавија шпанските медиуми. Тој од вчера е во Сингапур каде што преговара со сопственикот Питер Лим.
Италијанскиот стручњак последен пат го водеше Наполи до крајот на сезоната 2020/21. Набргу потоа потпиша со Фиорентина, но договорот му беше раскинат само неколку недели подоцна поради конфликт со раководството.
Се очекува 44-годишниот Гатузо на „Местаља“ да го замени Хозе Бордалас, кој се уште е тренер на Валенсија. Сепак, под водство на вториот, „лилјаците“ завршија само деветти во Ла Лига и го загубија финалето од Купот на Шпанија.
Пред неколку дена сопственикот му врачи отказ на претседателот на клубот Анил Мурти.