Објавени номинираните за фудбалер на сезоната во Премиер лигата
Англиската асоцијација на професионални фудбалери (ПФА) на социјалната мрежа „Твитер“ ги објави имињата на сите претенденти за наградата најдобар играч на сезоната која заврши во шампионатот на Англија.
Меѓу претендентите беа тројца претставници на Ливерпул – Вирџил ван Дајк , Мохамед Салах и Садио Мане. Меѓу другите номинирани за наградата се и белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин и напаѓачите Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) како и Хари Кејн (Тотенхем). Добитникот на наградата ќе биде објавен следниот четврток, 9- јуни.
Да напоменеме дека последните две сезони Кевин де Бруин стана победник во оваа номинација, а претходно победија Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.