Тевез ја заврши играчката кариера
Бившиот аргентински репрезентативец Карлос Тевез објави дека става крај на својата фудбалска кариера.
38-годишниот Тевез истакна дека за него фудбалот повеќе нема смисол откако минатата година почина неговиот очув, кој беше негов најголем фан.
Карлос Тевез својата играчка кариера ја започна во 2001 година во Бока Јуниорс, за во 2005 година да прејде во бразилскиот Коринтијанс. Две години подоцна започна неговата кариера во Европа каде прв клуб му беше Вест Хем Јунајтед. Потоа настапуваше за Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус. Во 2015 година повторно се врати во Аргентина и Бока Јуниорс.