Конате доби повик во француската репрезентација
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, упати дополнителен повик за настап во репрезентацијата до дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате.
Конате во тимот на Триколорите ќе го замени фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан. 29-годишниот Варан се здоби со повреда на натпреварот од Лигата на нациите против Данска. Тој дуел заврши со изненадувачка победа на Данска со 1:2.
Ова за Ибрахима Конате ќе биде дебитантски настап за сениорскиот тим на Франција. 23-годишниот фудбалер досега има настапувано за сите младински репрезентации на оваа земја.