Бундеслигашки фудбалер уапсен за силување на Ибица

На Ибица полицијата уапси играч на германската Бундеслига под сомнение дека силувал шпанскa тинејџерка.

Британски „Сан“ пренесува дека 25-годишен фудбалер бил приведен заедно со маж на иста возраст откако 18-годишна девојка им кажала на детективите дека била сексуално злоставувана во вила во Сан Хозе.

Извори блиски до истрагата тврдат за британските медиуми дека девојката е повредена и пренесена во болница, а двајцата уапсени од средата се зад решетки, а наскоро ќе има затворен распит и ќе се донесе одлука дали осомничените ќе бидат ослободени со кауција или ќе останат во притвор.

Иако името на фудбалерот не се открива, извори тврдат дека станува збор за играч кој неодамна го продолжил договорот со еден од најуспешните германски клубови. Се наведува и дека ја освоил титулата шампион на Германија.