Дарвин Нуњез е нов играч на Ливерпул

Шесткратниот европски клупски шампион Ливерпул и официјално го објави трансферот на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес кој пристигна од Бенфика.

Според информациите, 22-годишниот напаѓач потпиша шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“ за сума од 64 милиони фунти, која со различни бонус клаузули би можела да достигне 85 милиони фунти.

Нуњес може да дејствува како централен напаѓач, но и да игра како лево крило. Тој минатата сезона за португалскиот клуб постигна 34 гола на 41 натпревар.