Атлетико го купи Бразилецот Лино од Жил Висенте

Атлетико Мадрид го потврди трансферот на бразилското крило Самуел Лино од Жил Висенте. Атлетико Мадрид за играчот ќе плати 6,5 милиони евра. 22-годишниот офанзивен играч минатата година забележа 13 гола и 5 асистенции на 37 натпревари.

Се уште не е јасно дали 22-годишниот ќе патува со тимот на Диего Симеоне на предсезонски тренинзи во САД или ќе биде позајмен.

Лино игра на позицијата лево крило, а со „јорганџиите“ потпиша договор до 2027 година.