Париз Сен Жермен не се откажува од Шкрињар

Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Париз Сен Жермен во текот на наредната недела ќе ги продолжат преговорите со Интер за ангажман на Милан Шкрињар во францускиот клуб.

Газета дело Спорт тврди дека преговорите меѓу двата клуба беа прекинати откако Интер бараше поголем износ на пари од понудата на парискиот клуб за Шкрињар.

ПСЖ наводно за фудбалерот на Интер понудил 55 милиони евра, додека калчолигашот бара 10 милиони повеќе.

Шкрињар е член на Интер од 2017 година, а пред тоа настапуваше за Сампдорија, Злате Моравце и Жилина.