Германија во чест на Новицки го повлече дресот со број 14

Дресот со број 14 кој во кошаркарската репрезентација на Германија го носеше легендарниот Дирк Новицки, беше повлечен од употреба на свечена церемонија во Келн за време на отворањето на Европското првенство. Ова е прв случај во историјата една репрезентација да се одлучи на ваков потег.

Новицки со германската селекција има освоено бронза на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година и сребро на Европскиот шампионат во 2005 година кој се одржа во Белград.