Париз Сен Жермен се засили со Солер од Валенсија
Досегашниот фудбалер на Валенсија, Карлос Солер, потпиша петгодишен договор со Париз Сен Жермен.
Според достапните информации целокупниот трансфер на 25-годишниот играч од везниот ред, изнесува 18 милиони евра со можност за дополнителни бонуси од четири милиони евра.
Солер е шесто засилување за шампионот на Франција во летниот преоден рок, после доаѓањето на Витиња, Ренато Санчез, Фабијан Руиз, Уго Екитике и Норди Мукиеле.
Карлос Солер беше капитен на Валенсија каде за првиот тим одигра 226 натпревари, постигна 36 гола и 31 асистенција.